Основниот Суд Скопје 1 денеска го продолжи притворот на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко за уште 30 дена.
Тој беше уапсен кон крајот на минатиот месец и се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.
Темелко е обвинет за изборни малверзации во случајот „Титаник“ на СЈО, заедно со Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.


