Оваа сезона се очекува да се одржат три трки во сабота, кои ќе го дефинираат почетниот распоред на Гран при.
– Како и да е, најбрзите автомобили ќе бидат напред, така што ситуацијата нема да се промени многу. Од моја гледна точка, не е важно колку трки ќе се изведат за време на викендот, но многу ми се допаѓа кога има само една голема трка. Ако создадете автомобили полесни за бркање и престигнување, тогаш такви работи нема да бидат потребни, изјави Верстапен.
Иако, мислам дека прашањето не е само за подобрување на трките. Тие само сакаат да има повеќе настани за време на викендот. Сега петокот и саботата пред квалификациите се малку здодевни. Значи, Ф-1 сака да привлече повеќе луѓе на трибините и да заработи повеќе пари, тоа е сè. И можам да го разберам тоа, додаде Верстапен.
Новата сезона во Светскиот шампионат во Формула 1 ќе почне претстојниот викенд во Бахреин.
MИА
]]>


