Иако не се појави на црвениот тепих, популарниот актер Бред Пит се појави во улога на презентер на 93-та церемонија на Американската филмска академија.
Облечен во класично машко одело, Пит носеше ниска, машка пунџа, како шега. Со оваа фризура, тој малку отстапи од правилата што на некој начин го диктираат протоколот, но сепак изгледаше елегантно и според многумина, совршено.
Победничката во оваа категорија, Јун Ју-јунг која се закити со Оскар за најдобра споредна женска улога за филмот „Minari“ , при своето обраќање по повод добивањето на наградата, се пошегува со него, но не заради фризурата.
Таа е позната комичарка во нејзината земја, а кога го освои Оскарот и дојде на сцената, му се обати на Пит: „Господине Бред Пит, конечно. Мило ми е што се запознав. Каде бевте додека го правевме филмот?“
Имено, Пит е продуцент на филмот „Minari“, но актерката ниту еднаш не го видела на снимањето.


