(ВИДЕО) Дали е ова најголемата жаба во светот?!

Жителите на едно село на Соломонските острови се зачудиле додека за време на лов пронашле жаба, со големина на човечко бебе.

Жабата била пронајдена претходниот месец, но фотографиите и снимките дури сега станаа вирални, пренесе „Њујорк пост“.

„Не можев да поверувам што гледам“, изјавил сопственикот на пиланата, кој ја пронашол „Гозила-жабата“ додека ловел диви свињи во Хонијара.

На социјалната мрежа Фејсбук тој објави фотографија од дете кое го држи водоземецот.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=24&v=AilbiEzvlG8&feature=emb_title

Импресивниот примерок, за кој се верува дека припаѓа на видот „Cornufer guppyi“, тежи околу еден килограм.

]]>

Најчитани вести