Холандското министерство за транспорт се пофали дека успешно започнале со преместување на привремен мост што ќе биде носен од крај на крај на Ротердам, а сето тоа може да се следи и во живо на каналот на Јутјуб.
Конструкцијата долга 200 метри се преместува низ центарот на Ротердам и ќе биде однесена на нова локација во градската индустриска зона.
Мостот, долг 200 метри, висок 40 и широк 20 метри, со тегне со брод кон новата локацијата покрај мостот Сурхоф, што во моментов се реновира.
Сурхоф е важна врска помеѓу градот и пристанишната област на најголемото холандско пристаниште.
Транспортот на конструкцијата продолжува, а привремениот мост ќе биде на ново место, подготвен за употреба во текот на ноќта на 14 мај..