Шимпанзото Меги од зоолошката градина Јагодина својата популарност ја стекна поради уникатните навики, а една од нив по која е препознатлива е здравата исхрана која редовно ја применува, со тоа што секое утро за себе си подготвува здрави оброци!
Овошјето и зеленчукот се составен дел од исхраната на ова шимпанза, кое сака сама да подготвува овошни салати, да грицка моркови и јаболка, а консумира јогурт за доволен внес на протеини.
Она што е интересно е што Меги прво ја потопува секоја храна во јогурт, кој и е омилен напиток и е на секојдневното мени.
Меги се грижи и за својот животен простор, па после секој оброк ги чисти трошките и го одржува уреден.
– Меги има 27 години. Се обидовме да ја споиме со шимпанзото Жика (31), но едноставно не се допаднаа еден на друг, па Меги нема потомство – велат од зоолошката градина Јагодина, пишува Информер.


