(ВИДЕО) Мораше ли ова да ѝ се случи: Извлечен добитник на лото со премија од 26 милиони долари, а потоа следи филмско сценарио

Една жена од Калифорнија тврди дека е добитник на лото премија, со износ од 26 милиони долари, но за жал си го испрала ливчето и не може да докаже. Таа не се пријавила во рокот, 180 дена по извлекувањето, иако се појавила во продавницата каде што го купила ливчето и ја раскажала својата приказна. Така, штом добитникот на „Супер Лото Плус“ не се пријавил на време, во рокот од 180 дена, се смета дека тој не постои.

Есперанза Хернандез, вработена во продавницата во Лос Анџелес, од каде што е купено лото ливчето, за медиумите изјавила дека жената дошла и кажала дека заедно со панталоните си го испрала ливчето, чии комбинации се измиле од перењето.

Менаџерот на продавницата исто така потврдил дека според видеата снимени со камерите за надзор, жената навистина купила ливче.

„Копија од видеото за надзор им беше предадено на службениците на лотаријата во Калифорнија“, изјавил тој за медиумите.

Од компанијата што ја организира лотаријата за медиумите истакнале дека ако некој верува дека е добитник мора да го пополни образецот за исплата на добивка. Но, ако некој го изгубил ливчето, тој мора да достави докази дека го поседувал, како на пример фотографија од предната и задната страна на ливчето.

Победничките броеви биле: 23, 36, 12, 31, 13 и мега број 10. Наградата од 26 милиони долари може да се земе на рати или во готово со вредност од 19,7 милиони долари.

Доколку не се исплати наградата, 19,7 милиони долари ќе бидат донирани за државните училишта во Калифорнија.

Продавницата што го продала билетот, и покрај тоа што добитникот не се пријавил за наградата, ќе го добие бонусот што и следи, со вредност од 130.000 американски долари.

https://www.youtube.com/watch?v=EDvUxFOvqvY
]]>

Најчитани вести