Заплетот го следи мистериозниот Професор кој собра група криминалци за да го извршат најголемиот грабеж во историјата.
Петтата сезона на мрежата „Нетфликс“ ќе се прикажува во два дела, во текот на 2021 година.
Најавата за крајот на снимањето на петтата сезона ги воодушеви обожавателите ширум светот, а премиерата на првиот дел официјално е закажана за 3 септември 2021 година.
Првите пет епизоди од сезоната ќе бидат прикажани во септември, а останатите на 3 декември.
Нетфликс го објави официјалниот синопсис на петтата сезона во која бандата на Професорот е во најтешката ситуација досега, а за прв пат, Професорот нема план за бегство.
„Бандата е затворена во Централната банка на Шпанија повеќе од 100 часа. Тие успеаја да ja спасат Лисабон, но најлошите моменти допрва следуваат. Сиера го уапси Професорот и тој за прв пат нема план за бегство. Се чини дека од ова не може да биде полошо, а најголемиот непријател, посилен од сите досега, армијата, влегува на сцена. Ѝ доаѓа крајот на најголемата кражба во историјата, а она што започна како грабеж ќе се претвори во војна“ – објави Нетфликс.
Мрежата откри дека снимањето започнало во август 2020 година, сите актерите се враќаат на сцена, а ќе се појават и некои нови ликови.


