Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека од Иран биле истрелани балистички ракети кон Израел.
Израелската армија (ИДФ) соопшти дека во тек е ракетен напад од Иран.
„Од вас се бара да останете во заштитено подрачје до понатамошно известување“, се вели во соопштението на војската.
Се додава дека експлозиите што се слушаат низ целата земја се пресретнати или удари.
Пријавени се повеќе места на удари од шрапнели во Тел Авив, во близина на Мртвото Море, на југ и во регионот Шарон. Се уште нема информации за повредени, иако на сите Израелци им е наредено да се засолнат.
Иранската револуционерна гарда објави дека нападот врз Израел е одмазда за смртта на лидерите на Хамас и Хезболах.
Тие соопштија дека лансирала десетици проектили кон Израел и предупреди дека доколку Израел возврати, одговорот на Техеран ќе биде „подробен и погубен“, пренесува иранската државна телевизија.
За потсетување, лидерот на Хамас, Исмаил Ханија беше убиен во Техеран во јули, додека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала беше убиен во нападите во Бејрут минатата недела.


