Група сиромашни рибари од Јемен, додека ловеле риба во Аденскиот Залив, пронашле богатство што им го промени животот.
Тие откриле труп на кит како лебди во водата, а во неговиот стомак имало големо парче слузава материја позната како „сива амбра“, пренесе „Би-Би-Си“.
Сивата амбра се лачи од телото на китот кога жолчните канали во дигестивниот тракт создаваат секрети за да му го олеснат минувањето на големи или остри предмети.
Китовите потоа повраќаат слуз што се стврднува и плови во вид на грутки на површината на морето.
Сивата амбра најмногу се користи во индустријата за производство парфеми затоа што им го продолжи времетраењето на мирисите.
Според пишувањето на ВВС, парчето што го пронашле сиромашните рибари вреди околи 1,5 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=u4NUXsVYkLc
]]>
видео, Јемен, ловот, милионери, На група, посреќил, сиромашни рибари, станаа