ТВ24 во сообраќајката учествувале неколку патнички возила, еден камион и автобус. За среќа нема жртви, но три лица се здобиле со повреди. Една жена е пренесена со брза помош во ургентниот центар во Скопје, а двајца мажи се префрлени на лекување во болницата Св Наум Охридски. Полицијата до 10 часот вршеше увид на местото на сообраќајката, по што службите на АМСМ ги собрале оштетените возила, пиштва ТВ 24. Сообраќајката била пријавена во 7 часот и 40 минути. Надлежните апелираат за внимателно возење и прилагодување на брзината. Видео: ТВ24]]>


