Висина на субвенциите во ОВОШТАРСТВОТО за 2023 година

На сајтот на АФПЗРР е објавена УРЕДБА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2023 ГОДИНА.

Ви пренесуваме дел од уредбата, што се однесува на директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади, за остварено производство, и дополнителни субвенции за предадено во преработувачки капацитет.

1.8. Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 ха одржувана површина со постоечки овошни насади збирно за следните овошни видови: јаболка, слива, праска, круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина, боровинка, дуња, мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем, лешник, орев и питом костен и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства,
-Прифатлив минимален број на овошки-садници по хектар за секој овошен вид одделно е даден во табела за минимален број на овошки – садници по хектар за постоечки производни овошни насади по овошни видови во Прилог 5 кој е составен дел на оваа уредба,
-Висината на директните плаќања изнесува 12.000 денари по хектар и
-Висината на поддршката од алинејата з од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 5 ха 100%, од 5,1 ха до 30 ха 60% и над 30 ха 30% за секој вид одделно.

1.9. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје
-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: јаболка, слива, праска, вишна, цреша, кајсија, круша, јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка, се корисници на подмерката 1.8. од оваа уредба, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач вклучително и произведените овошни култури за Потребите на сопствениот преработувачки капацитет, или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар,
-Висината на дополнителните директни плаќања за јаболко изнесува 30.000 денари на хектар,
-Висината на дополнителните директни плаќања за слива и праска изнесува 25.000 денари на хектар,
-Висината на дополнителните директни плаќања за вишна, цреша, кајсија и круша изнесува 22.000 денари на хектар,
-Висината на дополнителните директни плаќања за јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка изнесува 13.000 денари на хектар и
-Висината на поддршката од алинеите 2, 3, 4 и 5 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 5 ха 100%, од 5,1 ха до 30 ха 60% и над 30 ха 30% за секој вид одделно.

1.10. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во преработувачки капацитети
-Корисници на оваа подмерка се сите земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка и се корисници на подмерката 1.8. од оваа уредба и се регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства,
-оствареното производство на праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка да е предадено во преработувачки капацитет за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 Декември 2022 година до 25 декември 2023 година, вклучително и произведените количини за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи и
-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка.

1.11. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката 1.7. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година за одржување на постоечки јаболкови насади и оствареното производство на јаболка за период од 15 септември 2022 година до 15 мај 2023 година го имаат предадено и го предаваат директно или преку еден регистриран откупувач кај регистрирани преработувачки капацитети или кај регистриран откупувач, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи – овошје и
-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм.

Извор: Agrotim.mk

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести