Внук си ја убил бабата во Прилеп

Вчеравечер на улицата „Борка Медаро“ во Прилеп, триесетгодишниот М.М. ја убил баба си во нејзината сопствена куќа. Внукот влегол во спалната соба каде спиела неговата баба и со перница се обидел да ја загуши.

Истата давала отпор и некако се оттргнала од него, по што тој извадил метален боксирач и ја удрил неколку пати во пределот на главата. Жената починала на лице место, а внукот по еден час сам се пријавил во прилепката полициска станица – пренесе Тв 21.

Полицијата веќе извршила увид на местото на настанот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести