Едно лице е повредено денеска откако возилото со кое управувало излетало од автопатот Скопје – Велес.
Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила околу 12 часот.
– Патничко возило марка „сеат кордоба“ излетало од автопатот. Повредениот возач со хеликоптер бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје, информираат од МВР.
Сообраќајот на таа делница од автопатот Скопје – Велес не е во прекин.


