Започна исплатата на „МојДДВ“ за второто тромесечје од 2020 година

Започна исплатата на паричните средства за април, мај и јуни од 2020 година за граѓаните кои во овој период скенирале фискални сметки, согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.


Исплатата се врши во неколку етапи, а законскиот рок за исплата на овие пари е 60 дена по истекот на календарското тримесечје во кое е издадена фискалната сметка.
Управата за јавни приходи апелираше до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки, и доколку има грешки во истите, да ги коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.

Претходно УЈП информираше дека во ова тромесечје регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата мој ДДВ, а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен е промет од 21.414.380.426,00 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари односно 5.440.000 евра.

Претходната недела УЈП апелираше до граѓаните чија трансакциска сметка за исплата е на овие средства е во „Еуростандард банка“, да си ја променат со трансакциска сметка од друга банка.

]]>

Најчитани вести