Запознајте го Ахил, ѕвездата на Европското првенство: На Светскиот куп погодил четири од четири


ФОТО: АФП

Слон, октопод, желка… Сега дојде на ред и мачка, поточно мачор. Многу животни досега ги предвидуваа резултатите од првите соочувања на големите фудбалски натпреварувања. Иако ги има многу, сепак нема да ги набројуваме сите, бидејќи главна ѕвезда на европското фудбалско првенство е мачорот Ахил. Во прес-центарот во Санкт Петербург, Ахил го предвиде исходот на вечерашниот дуел меѓу Турција и Италија.

Откако ветеринарот Ана Кондратјева, поставила пред него две чинии со храна, обележани едната со турско, а другата со италијанско знаме, Ахил, мачорот кој е глув и миленик од музејот Ермитаж, почнал да јаде од садот со италијанско знаме …

Мачорот Ахил има свој официјален канал на Инстаграм и ќе има уште три предвидувања за време на турнирот, во неговиот дом, музејот Ермитаж, втората по големина зграда – музеј во светот. Ахил ќе ги предвидува и натпреварите помеѓу Белгија и Русија, Полска и Словачка и Финска и Русија.

-Мачорот не слуша, а за предвидувањата користи само психичка сила. Својата слава ја стекна на Африканскиот куп на нации во 2017 година, како и на Светскиот куп една година подоцна кога без грешки го погоди победникот на првите четири натпревари на турнирот – рече неговата сопственичка Ана Кондратјева.

]]>

Најчитани вести