Во многу гледишта, ова необично „патче“ меѓу „Руе де Лион“ и e „Руе де Берси“ воопшто не изгледа како Париз и, можеби, повеќе потсетува на „Портобело“ во лондонскиот Нотинг Хил или „Бурано“ во Венеција… Шарени фасади, цвеќиња на прозорците, теракотни вазни – сцена како од сликовници.

Малкумина знаат и дека улицата е именувана по адвокат. Преименувана е во 1897 година, во чест на Адолф Кремио, човекот кој ги бранел човековите права на Евреите во Франција.
Но, околните граѓани се вознемирени. На почетокот на 2019 година, жители на улицата – уморни од бучава, камери и несовесни туристи, побараа од Градот Париз да постави порти што ја затвораат улицата за посетителите навечер и за време на викендите. Една жителка рече дека разбира оти луѓето сакаат да ја посетат улицата и да фотографираат, но би ги замолила тоа да го сторат со почит кон мештаните и околината.
МИА
]]>


