Иако последните месеци се шпекулираше за наводни брачни проблеми на еден од најпопуларните турски актерски парови Бергузар Корел и Халит Ергенч, фотографијата што убавата актерка вчера ја објави на својот Инстаграм профил ги демантираше гласините.
Омилената Шехерзад од „1001 ноќ“ на своите фанови им посака добро утро со фотографија од Халит во нивната семејна куќа. На сликата е прикажан популарниот Сулејман Величествениот облечен во шарен зимски џемпер, кој очигледно ѝ е омилен и на неговата сопруга. Таа објасни дека Халит го носел за да се вклопи во зимската идила.
Во март минатата година, Бергузар (38) го роди вториот син со 49-годишниот актер, а кратко потоа, некои турски медиуми почнаа да пишуваат дека парот е на чекор до развод.
]]>


