Во околината на градот Аин Сефра во Алжир падна снег. Ова е четврта година по ред како паѓа снег, иако претходно вакви врнежи не биле забележани цели 37 години.
Снегот во Сахара го снимил аматерскиот фотограф Карим Бухтата, а неговите снимки и фотографии се споделуваат на социјалните мрежи.