Внатрепартискиот противник на Бајден, Сандерс се најде и на монтажа која ја објави официјалната Фејсбук страница на Град Скопје.
Во објава за поставено нови клупи ширум главниот град, на една од фотографиите седи и Сандерс.
Сандерс, пак, реши да ја искористи популарноста да собере пари за хуманитарни цели. На неговиот официјален сајт почна да продава џемпери со мемето по цена од 45 долари и сите приходи ќе одат за програмата „Оброци на тркала“, преку која се доставува храна на лица кои не можат сами да си купат или да си зготват.

Џемперите со мемето се распродадоа за еден ден. (Фото: Берни Сандерс)
Џемперите беа распродадени за еден ден, а и оние кои успеале да купат ќе почекаат 4 до 8 недели за испорака поради големата побарувачка.
Извор -САКАМДАКАЖАМ.мк
]]>


