Kaко дете му го кажа на Роналдо својот сон и сите ми се смееја, еве каде е денес…

Во 2014 година, Рјота Иваока се сретна со Кристијано Роналдо и пред публиката му постави прашање.

Роналдо тогаш го промовираше „Facial Fitness Pao“, јапонски производ за убавина, а Иваока имал 12 години и добил шанса во живо да му постави прашање на Роналдо.

Малиот Ивакока се потрудил со Роналдо да зборува на португалски јазик и го прашањето да му го постави на јазикот на славниот гостин.

Иако изгледало дека не му оди баш најдобро, детето симпатично ги изговорило португалските зборови:

-Вие сте мојот омилен фудбалер и сакам да играм со вас. Што треба да направам за да успеам во тоа – рекол Иваока, а публиката се насмеала.

Роналдо најпрво им се обрати на присутните, прашувајќи ги зошто се смеат.

-Многу добро зборувате португалски. Тие треба да бидат среќни затоа што си се потрудил – рекол Роналдо.

Потоа му одговорил на младото момче.

-Верувај во себе. Вежбај и кога ќе се појави шансата, не ја пропуштај, го посоветувал Роналдо.

Иваока како мал фудбалер бил многу талентиран, но препреките на неговиот пат биле неколкуте средни училишта што го одбиле кога им се понудил да игра за нивните фудбалски тимови.

На крајот бил прифатен од „Јаманаши Гакуин“, училиште што се наоѓа во градот Кофу. Таму Иваока прво играл за вториот тим, а потоа во втората година го префрлиле во првиот тим.

Тимот на „Јаманаши Гакуин“ успеал да се квалификува на државните шампионати во 2020 година, па така Иваока добил шанса да игра за медал во јапонскиот шампионат.

Сепак, поради повредите што ги добил во текот на играта не можел да игра во четвртфиналето, полуфиналето и финалето, но неговиот тим ја освоил титулата.

-Ние сме најдобри во Јапонија! Можев да победам на овие натпревари благодарение на луѓето кои ме поддржуваа во изминатите три години и оние кои присуствуваа на натпреварот. Одлично е да се игра со моите пријатели – објави Иваока на Инстаграм. Иваока му се заблагодари на Роналдо за советот што му го даде пред скоро седум години.

„Советот на Роналдо секогаш го имав на ум“, напиша Иваока.

https://www.youtube.com/watch?v=aRzfAdgdx7w&feature=emb_title
]]>

Најчитани вести