Доналд со Меланија запловил во брачните води по трет пат, откако не му траела љубовта со Ивана, а ниту пак со телевизиската ѕвезда Марла Мејплс.
Тој ја запросил словенечката манекенка Меланија Кнаус со 12-каратен смарагден прстен кој го чинел околу 1,5 милиони долари, а немал намера да штеди ниту на свадбената церемонија, па изгледало дека овој успешен претприемач сакал својот трет голем ден да го прослави во целата „светлина“ што може да ја има. Тој отишол толку далеку што сакал свадбата да се емитува во живо на телевизиите низ целиот свет. Сепак, Меланија се спротивставила на ова и тој се откажал од неговата идеја.

Пред олтарот застанале на 22 јануари 2005 година во Палм Бич, Флорида, а Меланија подоцна раскажа како самата ја организирала целата церемонија затоа што нејзиниот иден сопруг во тоа време бил премногу зафатен со голф за да посвети внимание на нивниот голем ден.
„Сама организирав сè и за сè се уверив дека е на свое место”, изјавила таа во интервју за „Пипл” по венчавката.

Нивните гости престојувале во хотел во кој Трамп платил и „спа“ третмани за сите.
Меланија носела спектакуларна венчаница со потпис на Кристијан Диор, направена од 91 метар свила и тежела над 25 килограми. На тоа потрошила околу 148 000 американски долари, а се појавила и на насловната страница на списанието Вог.

Салата каде што се одржала церемонијата била украсена во луксузен стил и со многу цвеќе, што вклучувало повеќе од 10.000 рози и орхидеи. Тортата имала седум „ката“ и била висока метар и половина, а чинела околу 50.000 долари.
]]>


