Белградските медиуми објавија дека синоќа е приведен фолкерот Аца Лукас.
Засега српски „Курир“ неофицијално известува дека Лукас откако бил запрен од полициска патрола избегал, но друга полициска патрола успеала да го фати. Откако му бил направен алко-тест, се потврдело дека тој возел во алкохолизирана состојба. Потоа му бил направен и тест за дрога.
Медиумите објавија и дека при контролата Лукас бил арогантен и ја навредувал полициската службеничка.
]]>


