Со промените Меган Маркл налутила многу Британци, но не биле по нејзино барање

Многу Британци ѝ се налутиле на Меган Маркл за промените што ги направила во изводот на нејзиниот син Арчи, кого го има со принцот Хари. Имено, откако беше објавена веста дека тајно се променети информации во изводот на Арчи, многумина побараа одговор зошто Меган го направила тоа.

20 дена по раѓањето на синчето, поточно на 5 јуни, во изводот на родените Меган го заменила нејзиното вистинско име Рејчел Меган со „нејзиното височество, војвотката од Сасекс“, пренесе „Дејли меил“.

Таа никого не информирала за промената, а многумина веруваат дека ова го направила во чест на принцезата Дајана, која била потпишана со „нејзиното височество, војвотката од Велс“.

Некои тврдат дека со ова Меган само сакала да ја налути Кејт Мидлтон, со која наводно не се во добри односи.

Сепак, не е прв пат Меган да изненади со своите постапки.

Веднаш по објавувањето на овие информации, портпаролот на Меган соопшти дека таа го сменила името во изводот на нејзиниот син по барање на кралската палата, и, како што кажа нејзиниот портпарол, „навредливо е да се мисли дека Меган би сакала да биде безимена во изводот на родениот син“.

]]>

Најчитани вести