„Многу девојки не зборуваат за тоа затоа што така ги воспитале нивните родители, а нив нивните родители и само се пренесува моделот на воспитување. Молчат, затоа што тоа е непишано правило, и се покажа дека не е добро – рече Весна и додаде дека е горда на новата генерација, која е многу похрабра.
„Се соочуваме со промена на генерациите, младите се многу похрабри. Денешните генерации сфатија дека не може да се помине лесно преку сериозните работи. Младите денеска ги решаваат своите проблеми, не дозволуваат некој да им каже: „Ќути, немој“, или „Не кажувај за ова, она…“, вели Весна и додава дека не треба да се молчи за насилството.
„Секоја девојка и жена треба да се бори за своите права и јавно да каже дека била уценувана, или, ако претрпела ментално, психолошко или физичко насилство на било кој начин. Мораме на тоа да му застанеме на патот, рече Весна Џогани во разговорот за „Ало.рс“.


