Италијанец, кој живеел како бездомник и чие безживотно тело беше пронајдено на железничката станица во Милано минатата недела, на својата банкарска сметка имал над 100 000 евра, како и акции и други хартии со вредност од 19 000 евра.
Покрај тоа, тој добивал и редовна пензија, која ја обезбедил преку долгогодишна работа во Минхен, во износ од 750 евра. Италијанецот поседувал и куќа во Калабрија и две комбиња.
Потеклото на целиот негов имот сè уште не е разјаснето во целост. Откако во четвртокот бил пронајден мртов на својот импровизиран кревет на железничката станица, во неговиот џеб биле пронајдени и 1.235 евра.
75-годишниот Умберто Квинтино Диако исчезнал од родното планинско селце во јужна Италија кога имал само 17 години и заминал во Германија.
„Стана дух засекогаш. Го баравме насекаде, но тој едноставно не сакаше да го најдеме”, изјавила за медиумите неговата сестра.
]]>


