Актерката објави фотографија во мини здолниште, а ѝ коментираше и поранешниот сопруг

Познатата актерка Џенифер Анистон вчера го прослави својот 52 роденден, а нејзиниот феноменален изглед и во оваа деценија од животот често е предмет на многу позитивни коментари.

Фановите на славната актерка беа воодушевени од фотографијата што ја објави нејзиниот фризер Крис Мекмилан. На неа, актерката сама се фотографира преку огледалото, а носи мини фустан што ги открива нејзините совршени нозе.

„Каква фотографија“, „Зошто е толку убава“, „Прекрасна е, ова е одлична фотографија“… пишуваа фановите на Анистон.

На актерката во коментар јавно ѝ пиша и нејзиниот поранешен сопруг, Џастин Тери, кој ѝ го честиташе роденденот.

„Среќен роденден, Џенифер. Те сакам, Б“, напиша Тери, од кого Џенифер се разведе пред три години.

]]>

Најчитани вести