Koj ги има, ги знае: Пет причини зошто „комплицираната“ Водолија е совршен партнер

За нив постои мислење дека се најкомплицираниот и најнеконвенционалниот хороскопски знак. Се разбира, се работи за „Водолиите“ – препознатливите личности за кои многу е лесно да се направи разлика од другите.

Ги опишуваат како необични, интровертни и малку револуционерни, а Водолиите се и едни од најдобрите партнери во животот кои можете да ги имате.

Оние кои имаат Водолија во својот живот веќе знаат дека покрај нив е верен, грижлив и интелигентен партнер кој секогаш наоѓа начин да биде со својата партнерка.

Оние пак во чии животи Водолиите штотуку влегуваат, или треба да влезат во далечна или блиска иднина, можеби ќе треба да ги прочитаат петте причини зошто ќе го добијат најдобриот можен партнер.

  1. Водолијата е паметна, ама навистина паметна

Во оваа реченица не се мисли на конвенционалната интелигенција. Ако Водолијата за нешто се заинтересира, таа ќе го истражи тоа до крај, од секој можен агол. Нејзината жед за знаење ја прави совршен партнер бидејќи никогаш нема да останете без теми за разговор.

Кога ќе си постави цел, Водолијата е незапирлива. Кога ќе ја запознавате со своите родители, таа ќе знае што точно треба да каже. Кога ќе ја запознаете со пријателите, воопшто немојте да се грижите како ќе помине сето тоа, бидејќи таа е способна да најде начин сите да се забавуваат во нејзино присуство.

2. Избегнува расправии

Првата позиција на Водолијата е секогаш неутрална. Таа има силно чувство на искреност и почит кон другите. Избегнува конфликти, не затоа што е пасивна, туку затоа што себе си се става на прво место.

Иако е одличен посредник, тие е ненаметлива. Ако не се однесувате со почит кон неа, ќе биде тешко да добиете втора шанса.

Водолијата нема време за глупости и бесмислени дискусии кои не водат никаде. Значи, со Водолијата покрај вас, бидете сигурни дека никогаш нема да бидете дел од бесмислени и непријатни расправии, се разбира ако ја послушате.

Таа секогаш го кажува тоа што го мисли и секогаш ќе каже нешто со што ќе се обиде да ја поправи ситуацијата пред непотребно да ескалира. Аверзијата кон конфликтите е последица на нејзината самодоверба.

3. Водолијата е независна

Секој има потреба од барем една Водолија во животот, но на Водолијата не ѝ треба никој. Нејзината независност е очигледна во сите аспекти од животот, почнувајќи од луѓето со кои се дружат, до луѓето со кои работат. Тие знаат дека парите не растат на дрвја и дека врските не успеваат затоа што нема „магија“.

Водолијата никогаш не зависи од партнерот, факт кој е добар и за Вас, затоа што ќе имате време за себе.

Сепак треба да внимавате да не ја „задушите“ Водолијата и да ѝ ја ограничете слободата, бидејќи тоа и ја плаши. Силна и независна се само некои од многуте карактеристики на Водолијата.

4. Практичност

Ако барате партнер кој ќе верува дека еднорозите постојат, Водолијата не е најпаметниот избор. Ако, пак, сакате некој што е практичен и рационален, тогаш Водолијата е идеалниот избор.

Ако сте личност која има тенденција да претерува во некои работи, како што е трошењето пари, Водолијата е рамнотежата што ќе ви треба. Таа ќе биде вашиот глас на разумот и ќе ви шепне кога ќе отидете предалеку.

5. Водолијата смирува

Ако барате личност која знае да каже нешто повеќе од „сè ќе биде во ред“, тогаш Водолијата е вашиот идеален партнер. Водолијата, всушност, секогаш знае што да каже и тоа понекогаш дури и со доза хумор и леснотија.

Таа е искрена во сè што прави, а разговорањето со неа никогаш не е под притисок. Водолијата лесно ќе ви го разубави денот и ќе ги реши проблемите со кои можеби се соочувате.

Па, ако некогаш сретнете Водолија, имајте го ова на ум.

]]>

Најчитани вести