Нови Сад вечерва тагува: Граѓаните плачат на улиците, се палат свеќи за Балашевиќ

Популарниот пејач Ѓорѓе Балашевиќ почина попладнево на 67-годишна возраст. Пред три дена тој бил итно примен на Инфективната клиника на Клиничкиот центар во Нови Сад. Според неофицијални информации, тој имал коронавирус и се наоѓал во сериозна состојба.

Вечерва Нови Сад е најтажниот град во светот. Жителите на Нови Сад во неверување ја примија веста за смртта на нивниот најпознат сограѓанин. Тие плачат на улиците, а многумина во знак на почит се собраа пред куќата на Балашевиќ и на главниот градски плоштад.

]]>

Најчитани вести