Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина на 19 февруари на 67-годишна возраст, е погребан денес во Нови Сад, а на погребот присуствувале само неговите најблиски.
Семејството организираше сè без масовно собирање, а збогувањето со познатиот пејач и кантавтор било придружувано со тамбураши кои ги свиреле неговите најпознати песни и „Оливера“.
Иако погребот беше најавуван за понеделник, кога требаше да биде и Ден на жалост во Нови Сад, денеска на итна седница градот Нови Сад го прогласи денешниот ден 21 февруари за ден на жалост.
Балашевиќ почина на 19 февруари, на 67-годишна возраст, на Инфективната клиника на Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, каде беше примен три дена претходно поради пневмонија. Зад себе ги остави сопругата Оливер, ќерките Јована и Јелена, синот Алекс.
]]>
Ден на жалост, ѓорѓе балашевиќ, Нови Сад, Оливера, погреб, семејство, фото