Баш мислевме што направи Вучиќ со факултетот: Го завршил првиот семестар со три десетки и една деветка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се пофали дека го завршил првиот семестар во Високото спортско училиште со четири положени испити.

Тој добил три десетки и една деветка.

Вучиќ објави фотографија од својот индекс на социјалните мрежи.

-Првиот семестар го завршив со четири положени испити. Како што можете да видите, добив три десетки и една деветка и жал ми е што не можев да добијам и четврта десетка, бидејќи услов за добивање на највисока оценка по овој предмет е присуството на практични вежби, за кои, сепак, немам време. Не жалам, го искористив тоа време да ѝ помогнам на нашата Влада за побрзо да набавиме вакцини за граѓаните на Србија – напиша Вучиќ на Инстаграм.

Во јули минатата година, претседателот на Србија се пофали дека се запишал во Високото спортско училиште и дека по втор пат бил студент.

]]>

Најчитани вести