Се работи за фантастичната приказна за девојчето Дороти и нејзиното милениче, кученцето Тото, кои одлетуваат со куќата зафатена од ураган. Од местото Канзас, каде што живеат, Дороти и Тото се однесени во необичната земја Оз, од каде што само Волшебникот може да ги врати.
Досега неколку филмови и ТВ-емисии се направени според истата шема, а најпозната адаптација е мјузиклот од 1939 година со Џуди Гарланд во главната улога.
Продуцентската куќа „New Line Cinema“ вети „нов пристап“ кон омилената приказна, со ветување дека ќе ги има и класичните елементи, како што се патот со жолта тула, црвените чевли на Дороти и ликовите Плашило, Лавот, Лимениот човек и Дрвосечачот.
Режисерската на оваа адатација, Никол Касел, вели дека новата верзија на филмот ќе биде и еден вид одавање почит кон класичниот филм со Џуди Гарланд.
]]>


