Градот на иднината Тојота ќе го гради со помош на дански архитекти од „БИГ“ групацијата, а во него ќе можат да живеат две илјади лица, со екосистем замислен како „жива“ лабораторија.

Потребната енергија за да функционира градот ќе се произведува со водородни ќелии, систем што Тојота веќе го користи во автомобилската индустрија за електричните возила со погон на мотор.

„Woven City“ ќе биде град за научници, кои времето ќе го поминуваат во истражување и тестирање на напредни „паметни“ домови, роботика и вештачка интелигенција во секојдневна околина. Меѓу првите постојани жители ќе бидат научниците со нивните семејства, трговци и партнери во проектот кои ќе живеат во „паметни“ згради од дрва. Архитектурата ќе биде инспирирана од старата Јапонија, со традиционалните столарски техники и традиционално закривените покриви.

-Проектот „Woven sity“ официјално започнува денеска изјави Акио Тојода, претседателот на „Toyota Motor Corporation“.
Тој, кога го најави овој проект, истакна дека изградбата на градот ќе биде од темел, на што е можно помала површина. Тојота рече дека проектот отвора единствена можност за развој на технологиите на иднината – вклучително и дигитален оперативен систем за градска инфраструктура.

Луѓето, зградите и автомобилите ќе бидат поврзани со сензори за да го достигнат целиот потенцијал за тестирање на вештачката интелигенција, а улиците ќе бидат резервирани за автомобили без возачи и издувни гасови.


