Пејачката Северина на својот Јутјуб канал објави документарец наречен „Кога ќе се престорам во Северина“.
Овој 35-минутен документарец ги следи нејзините подготовки за концертот во Белград во 2009 година. Камерите снимиле сè: од проби до она што се случувало зад сцената, во соблекувалната, како и во разговорите на Северина со новинари и дружење со соработници.
На видеото се појавуваат Марина Туцаковиќ, Горан Бреговиќ, како и нејзиниот менаџер Томица Петровиќ.