Американецот Бил Дорис на својот миленик му оствил наследство од 5 милиони долари. Пред смртта, Бил, најголемиот дел од своето богатство го препишал на својата сакана кучка Лулу, бидејќи бил многу приврзан за неа, изјавија неговите пријатели за медиумите.
За кучето понатаму ќе се грижи неговата пријателка Марта Бартон, која го чувала и дотогаш, додека тој бил на многу честите патувања, а тоа исто така било по негова желба.
„Пет милиони долари ќе бидат префрлени на фондот, што ќе се формира по мојата смрт, за грижа за мојата Лулу. Фондот треба да обезбеди сè што е потребно за моето куче, а за него ќе се грижи Марта Бартон “, напишал тој во неговиот тестамент.
Сепак, ако се земе во предвид дека кучето е во добра здравствена состојба и има осум години, тоа до крајот на својот живот нема да може да потроши пет милиони долари, изјавила новата сопственичка за медиумите.
Многумина веруваат, знаејќи ја практиката, дека остатокот од парите најверојатно ќе биде дониран во хуманитарни организации.
]]>


