Тозовац се огласи од болница: Како Балашевиќ да повлече нога, се надевам ќе го победам ова зло

Легендарниот пејач Предраг Живковиќ Тозовац вчера бил хоспитализиран во КБЦ „Драгиша Мишковиќ“ во Белград, поради компликации предизвикани од коронавирусот и пневмонија.

Тозовац бил во прилично тешка здравствена состојба, пишува „Telegraf.rs“.

„Неговата крвна слика не е добра, тој засега е во сериозна состојба, но е стабилен. Не е поврзан на респиратор, но прима терапија со кислород. Неговата состојба активно се следи, лекарите прават сè за да му помогнат, но рано е да се дадат какви било прогнози“, потврдил изворот од болницата за српскиот медиум.

-Точно е дека завршив во болница поради пневмонија и корона, но многумина се борат со овој проблем. Веќе не е вест дека некој има корона, туку дека ја нема – изјави Тозовац и додаде дека и покрај сериозноста на ситуацијата, тој е оптимист.

https://www.youtube.com/watch?v=PiZSmfhJpM8


-Состојбата не ми е добра, а и како може да биде? Лекарите ми рекоа дека најважно за моето закрепување е одморот. Ми дадоа антибиотици и слушам сè што ќе ми кажат – рече Тозовац и посочи дека се надева дека наскоро ќе излезе од болницата.

-Не само што се надевам, туку тупкам во место и го чекам моментот кога лекарите ќе ми кажат да си одам. Оптимист сум и верувам во Господ, сè уште не ми дојдено времето да го напуштам овој свет – изјави еден од најпопуларните пејачи на народната музика и додаде дека многу потресен од смртта на неговиот познат колега Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина од коронавирус.

-Многу ми е жал за него, но како Балашевиќ да „повлече нога…“, Се надевам дека што побрзо ќе го победам ова зло што ја нападна Србија. Не се сеќавам дека нешто слично ни се случило – рече пејачот.

85-годишниот пејач е едно од најзначајните музички имиња на српската народна музика, а неговите песни се актуелни со години, и до ден денес се неизбежен репертоар на сите прослави и свечености на Балканот.

На почетокот на оваа година, пејачот се ожени со својата сакана Емилија Мима, по цели 40 години љубов и заеднички живот.

]]>

Најчитани вести