На пример, со помош на глицеринот многу лесно можете да си го исчистите домот. Жена на интернет откри како можете да ја исчистите вашата куќа со помош на глицерин.
-Брилијантно ги чисти подовите
За брзо и ефикасно да ги исчистите валканите подови, потребно е да додадете неколку капки глицерин во кофата со вода со која ќе ги чисите вашите подови.
-Прашината ја чисти подолго од вообичаеното
За се ослободите од прашината на подолг рок, потребно е да додадете малку глицерин во садот со вода во кој ќе ја влажните крпата. Ставете неколку капки, навлажнете ја крпата и избришете ги површните од вашиот мебел. Најмалку 10 дена нема да видите прашина. Овој метод на чистење се користел во музеите.
-Ги отстранува дамките од облеката
Ставете неколку капки глицерин на дамката и исплакнете ја со вода во која сте додале малку сол. За да ја отстраните дамката од чај, кафе или чоколадо, само направете мешавина од глицерин и сол, нанесете на дамката и по половина час, исплакнете ја дамката со вода.
-Правилно одржување на мебел со
Ако случајно сте го изгребале вашиот кожен мебел, само избришете го со крпа натопена со глицерин. Постапката треба да се повроти два до три пати.
-Прозорци
Помешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и избришете ги прозорците со оваа мешавина. Откако ќе го направите ова, на нив нема да забележите ниту нечисотоија ниту орашнина.
]]>


