Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ даде прва изјава откако стана шампион на Вимблдон и се израмни со Роџер Федерер и Рафаел Надал по број на освоени гренслем-титули во кариерата.
„Најпрво му честитам на Матео, неговото семејство и тим. Ова беше тежок меч, но сигурен сум дека пред него е голема кариера. Да се победи на Вимблдон е остварување на најубавиот сон. Кога имав седум години го правев овој трофеј од материјалите кои ќе ги пронајдев, а денеска стојам со шестиот пехар од Вимблдон, тоа е неверојатно“, рече Ѓоковиќ, a потоа се погрижи едно девојче од публиката да има многу убав спомен од натпреварот.