Иванишевиќ: Новак не е од оваа планета, ние сме на „јаки апчиња“, ама помагаат

Во улога на тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ емотивно го следеше финалниот натпревар на неговиот тенисер против Италијанецот Матео Беретини од трибините. Тој даде интересна изјава по 20-тата титула на Грен слем турнирите на Ѓоковиќ.

„Ова што се случува не е реално. Кога ја започнавме сезоната, Австралија беше многу важна. Целиот свет беше против него и тој со повреда им покажа што може. Што се однесува до Ролан Гарос, и претходно реков дека Надал ќе биде полесен. Затоа бев среќен кога го видов како игра во полуфиналето. Новак дојде со голема самодоверба на Вимблдон. Некои натпревари ги одигра подобро, некои полошо. Тој е генијалец што ве турка напред “, изјави Иванишевиќ за српски „Курир “.

„Ние сме на „јаки апчиња“, ама помагаат. Ѓоковиќ не е од оваа планета. Ние Балканците сме посебни. Само Балканот може да го разбере Балканот, но можеме да го тренираме секого. Кога Ѓоковиќ во финале ќе го налути публиката, веднаш игра подобро“, додаде легендарниот хрватски тенисер, кому Ѓоковиќ му отрча во прегратка по триумфот на Вимблдон.

]]>

Најчитани вести