Британскиот премиер Борис Џонсон ги осуди расистичките испади против фудбалерите на англиската репрезентација откако истата го освои второто место по финалето на Европското првенство во фудбал.
-Овој англиски тим заслужува да се слави како херој, а не да се навредува на расна основа на социјалните мрежи – напиша Џонсон на Твитер по гневот насочен против тројца англиски играчи со темна боја на кожа кои ги промашија пеналите, откако во првите 90 минути и двете продолженија резултатот на семафорот беше 1-1.