Момче на 21 годишна возраст е еден од шестемина пациенти кои починаа како компликација од ковид 19 во болницата во Тетово во изминатите 24 часа. Тој бил хоспитализиран во тешка здравствена состојба на 15 август. Доктор Гзим Нуредини објаснува дека бил лекуван по сите медицински протоколи, но бил резистентен на антивиралната терапија, а немал познати коморбидитети.
Тој апелираше до младите да внимаваат бидејќи се главни преносители на вирусот.
„Во Тетово има многу млади заразени. Нека не мислат дека е од клима, настинка, туку треба да се тестираат. Или, ако не се тестираат, нека се изолираат. Да не мислат луѓето дека е шега, нема специфична терапија, ако самиот имун систем не е во ред, а тој се бори со вирусот“, изјави Нуредини.
Во болницата во Тетово се лекуваат 123 пациенти со ковид 19, а 188-те абмулантски прегледи за едно деноноќие укажуваат дека состојбата не се смирува. Нуредини вели дека голем број на заразени се и млади лица, па затоа апелира на поголема одговорност.
]]>


