Иако годинешната реколта “тежи“ речиси двапати помалку од ланската, за исплата на субвенциите за тутун ќе бидат наменети 26 милиони евра, исто колку и лани! – изјави премиерот Димитар Ковачевски на трибината #ПовеќеЗаСите во Прилеп.
Тој потсети дека само со последниот 9ти пакет антикризни мерки 662 милиони евра се пренасочуваат кон граѓаните, финансиски се поддржуваат младите, пензионерите, ранливите, компаниите.

-За младите, обезбедуваме финансиска поддршка за средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари. Конкретно, во наредните 6 месеци 35.000 ученици од средно училиште месечно добиваат по 1.800 денари. Тоа се вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година, по ученик. Учениците од основното образование, во наредните 6 месеци добиваат по 1.200 денари месечно. Тоа се вкупно 7.200 денари до завршување на училишната година за ученик а опфатени се 70.000 ученици од основно училиште. Дури 105.000 ученици опфаќаме со оваа мерка – изјави Ковачевски.
извор: agrotim.mk


