Астролозите тврдат дека секој хороскопски знак има повеќе среќа во одреден ден од неделата и дека токму тогаш треба да се планираат важни настани. Кој е вашиот среќен ден?
Понеделник Раковите можат да ги остварат своите најголеми желби работејќи напорно на нив во понеделник. Тогаш се зајакнува нивната интуиција, која им овозможува да реагираат на вистински начин и да донесат правилни одлуки.
Вторник е најдобриот ден за Овенот. На овој ден нивните планови се остваруваат брзо и во рекордно време. А Скорпиите се најуспешни на денот на нивниот традиционален владетел Марс.
Среда – Умот на Близнаците се концентрира на позитивното во среда, лесно привлекувајќи го она што им треба и го посакуваат. Истото важи и за Девиците бидејќи на денот на Меркур нивниот ум се фокусира на детали, што им овозможува да го привлечат токму она што го сакаат.
Четврток -Стрелецот во четврток, денот на Јупитер, може да види надвор од сите граници и да привлече изобилство. Овој ден е среќен и за Рибите, па тогаш треба да се одржат важни разговори и состаноци.
Петок – На денот на нивниот владетел Венера, Биковите преку магнетизам ги остваруваат своите желби. Вагите исто така привлекуваат благослови на овој ден. Нивните срца и имагинација се поотворени, што не може да помине без резултати.
Во сабота, на денот на неговиот владетел Сатурн, Јарецот наоѓа среќа, има јасни долгорочни визии и ништо не може да го спречи да ја постигне својата цел. А во сабота, Водолијата е подготвена за иновации и одлучување и постигнување цели кои ќе бидат успешни и трајни.
Во недела, денот на Сонцето, Лавовите се усогласени со својата планета и затоа во последниот ден од неделата се најинспирирани, полни со надеж и креативност, па можат да ги донесат најдобрите одлуки и да постигнат најголеми резултати.


