Познато какви подароци добиле ВИП гостите на инаугурацијата на Трамп

Американските медиуми пишуваат дека за време на инаугурацијата на Доналд Трамп, неколку функционери кои биле ВИП гости на церемонијата добиле специјални подароци.

Се работи за лични гости на семејството Трамп, а добиле и црвена тетратка со златни детали и кожна папка.

Другиот подарок е златен медал на кој се изгравирани лицата на Трамп и потпретседателот Џеј Д. Венс. Други подароци вклучувале црвена паричка, божиќен украс во облик на Белата куќа и специјално шише диетална кока-кола.

Да потсетиме, Белата куќа претходно го врати познатото црвено копче во Овалната соба за претседателот Доналд Трамп лесно да нарача диетална кока-кола. Црвеното копче Кока-Кола што Трамп го користеше за време на неговиот прв мандат повторно беше забележано на неговото биро откако во понеделникот положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пишува Волстрит џурнал.

Склоноста на Трамп кон диеталната кока-кола е веќе позната на јавноста. Тој постојано кажа дека не пие алкохол со оглед на тоа дека неговиот брат Фред починал од компликации поврзани со алкохолизам во раните 1980-ти.

Најчитани вести