Користејќи софтверски алатки за генерирање слики и симулирање на реалноста, вештачката интелигенција ги оживеа ликовите од „Симпсонови“, американската анимирана хит серија.
Сега можеме да видиме како би изгледале Хомер, Марџ, Барт, Лиза, Меги и останатите ликови во реалниот свет.
Lisa Simpson me sorprendió en el personaje real creado por IA pic.twitter.com/IrzgYyN28T
— Luis Aníbal Rincón Arguello. ® 🇨🇴 (@Rincon001A) January 19, 2025
Хомер, главниот лик и татко на семејството Симпсон, е познат љубител на крофни. Вештачката интелигенција го прикажала како средовечен маж кој ужива во јадењето крофна.
Сопругата на Хомер, Марџ, е е препознатлива по нејзината руса коса, а вештачката интелигенција ја прикажала со руса коса што ѝ паѓа на рамениците.
Меги е прикажана како бебе со нејзината препознатлива црвена цуцла, исто како во серијата.
Лиза е русокоса убавица со бисери околу вратот, додека Барт е прикажан како насмеано момче со неговиот заштитен знак скејтборд.
Вештачката интелигенција го оживеа и Нед Фландерс, љубезниот сосед на семејството Симпсон, како насмеан човек со очила и мустаќи.


