2 докажани работи за прженото тесто да не впие ни капка масло

Со овие трикови вашето омилено пржено тесто нема да впие ни капка масло

Прженото тесто, како што се уштипци или мекици, се чест избор на домаќинките за утрински или вечерни оброци. Меѓутоа, она со што често се соочуваат и не знаат лесно да го решат е вишокот маснотии или масло што го апсорбираат овие печива.

Сепак, постојат два едноставни трикови кои ќе ви помогнат вашето пржено тесто да не впие капка маснотии или масло.

Прашок за пециво или сода бикарбона

Еден од начините да подготвите идеални уштипци или мекици е употреба на сода бикарбона или прашок за пециво, кои ќе ги просеете заедно со брашното. На овој начин тестото нема да го впие вишокот маснотии при пржење на длабоко масло.

За да не бидат мрсни уштипците и мекиците, маслото во кое ќе ги пржите треба добро да се загрее. Кога маслото е доволно загреано, веднаш го затвора тестото и не му дозволува да го впие вишокот маснотии.

Ракија

Докажан начин да се осигурате дека тестото што го пржите не впива многу масло или маснотии е да додадете чаша ракија додека го месите тестото. Кога ќе ги изматите брашното, јајцата, млекото и другите состојки кои ги користите за подготовка, на сето тоа додадете една чаша ракија.

Уштипците нема да соберат ни капка масло. Ова е стар трик што го користеле нашите баби, но денес е малку заборавен. Не треба да се грижите бидејќи вкусот на ракијата воопшто нема да се почувствува, а ќе послужи тестото да не биде премногу мрсно. Доколку сепак сакате да му дадете вкус на тестото, а во исто време да го користите трикот со алкохол, можете да додадете иста количина на рум.

Најчитани вести