Синоќа во Лос Анџелес се одржа 67. доделување на Греми награди, а на социјалните мрежи вирално видео од новинарка како паѓа на црвениот тепих стана хит на социјалните мрежи.
Келти Најт, дописничка на I! Вести, известуваше во живо од црвениот тепих, на кој пристигна во голем стил.

Кога се приближувала се сопнала и паднала, а камерите го снимиле непријатниот момент. Меѓутоа, никој од присутните, освен еден чувар, не пришол да и помогне, туку само гледале во нејзиниот правец.
„Зошто секогаш нешто се случува на црвениот тепих? Само пуштете ме да живеам“, напиша таа покрај клипот од Греми кој насмеа многумина.
Да потсетиме дека на доделувањето на Златните глобуси во 2024 година, Келти изгуби дијамант од четири карати на црвениот тепих, па побара помош од познатите во потрага по него, но безуспешно.
Бијонсе триумфираше.
Бијонсе ја доби наградата за албум на годината за Каубој Картер. Ова е прва ваква награда во нејзината кариера, иако досега четири пати беше номинирана во оваа категорија за албумите Јас сум… Саша Фирс (2008), Бијонсе (2013), Лимонада (2016) и Ренесанса (2022) .
Уште пред почетокот на церемонијата, нејзините 11 номинации оваа година и официјално ја направија најноминирана уметничка во историјата на Греми, со вкупно 99 номинации. Таа, исто така, стана првата црнка која ја освоила наградата за најдобар кантри албум некогаш, пишува српски Курир.


