Анастасија Ражнатовиќ е активна на социјалните мрежи и редовно споделува со своите следбеници како го поминува слободното време. Таа вечерва сподели видео од прослава на која присуствува со семејството на нејзиниот сопруг Немања Гудељ.
Анастасија покажа колку е обединето семејството, па така ги фати свекорот Небојша и свекрвата Оливера како играат, по што Оливера и испрати срце и бакнеж.

Анастасија потоа го снимила својот сопруг, а во видеото можете да слушнете каков прекар му дала, пишува Србија данас.

– Бубо – му рекла Анастасија на Немања, а потоа тој се свртел и испратил бакнеж кон камерата. Инаку, Анастасија е многу блиска со мајката на Немања, Оливера и сестрата, а поголемиот дел од времето го поминува со нив во Севиља кога Гудељ не е во семејниот дом.
– Во Севиља бев принудена да зборувам шпански, бидејќи никој не зборува англиски. Не ми беше тешко да научам, претходно имав знаење од теленовели. Најмногу ми недостига мама, многу сме блиски. „Ние сме како најдобри другарки, а се што ми се случува јас прво нејзе и кажувам“, изјави неодамна Анастасија.


