Се зборуваше и порано, но сега гласините за можно повторно обединување на Бред Пит и Џенифер Анистон на екранот повторно се во центарот на вниманието. Наводно, поранешните сопружници ја разгледуваат можноста да работат заедно на романтична комедија, која веднаш разбудила носталгија и воодушевување кај нивните обожаватели.
Нивниот брак траеше од 2000 до 2005 година, а во тоа време беа еден од најубавите парови во Холивуд. Сепак, нивниот развод остана запаметен како еден од најследените во јавноста, пред се поради фактот што набргу потоа Пит започна врска со Анџелина Џоли, која ја запозна на снимањето на филмот „Господин и г-ѓа Смит“.
И покрај болната разделба, Бред и Џенифер успеаја да одржат пријателски однос низ годините. Очигледно, сега кога романсата на Пит со Анџелина Џоли конечно заврши и и двајцата се сингл, постои шанса да се вратат заедно – само професионално.

Според извори блиски до парот, токму Анистон изразила желба повторно да соработува со Пит, што претходно не било опција поради комплицираните емоции кои следеле по неговиот развод со Џоли. Меѓутоа, сега ситуацијата е поинаква.
„Ќе биде огромна работа кога Бред и Џен повторно ќе се соберат на екранот во романтична комедија“, тврди Инсајдер.
Иако се уште нема официјална потврда за заедничкиот проект, нема сомнеж дека филмот со Анистон и Пит би бил огромен хит. Нивната хемија и историја дополнително би го зголемиле интересот на публиката, а само времето ќе покаже дали нивната соработка ќе остане само професионална – или повторно ќе ги разбуди одамна згаснатите емоции, пишува Она.рс.


