Во последните години се појавија бројни нови техники за украсување и бојадисување јајца. Сепак, многу од нив не даваат убави и трајни резултати, а често се случува боите и сјајот да ни останат на прстите. Затоа денес ви откриваме трик како да блескаат вашите велигденски јајца – со помош на шеќер!
Состојки:
500 мл бело вино
100 гр шеќер
јајца
боја за торта
Како изгледа постапката?
Истурете го виното во тавата, додадете го шеќерот, па додадете ги јајцата. Вклучете го шпоретот и посипете ги јајцата со боја за колачи. Варете на тивок оган околу половина час без капак, потоа поклопете, извадете го од шпорет и оставете да отстои преку ноќ.
Наутро, извадете ги јајцата на салфетка или хартиена крпа за добро да се исушат – додека се сушат, ќе станат сјајни и светкави од шеќер!


